Според пишувањата на шведскиот портал SportBladet, екс селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, по завршувањето на тековната сезона нема да биде повеќе тренер на Гуиф.
По шест години поминати во Гуиф, Рогановиќ одлучи да има нов предизвик во тренерската кариера, но ќе остане во скандинавската земја и ќе биде тренер на Малме.
Рогановиќ дресот на Малме го носеше во сезона 2016/17, а моментално клубот игра солидно во најквалитетното натпреварување во Шведска и се бори за пласман во плеј-оф фазата.
Искусниот стратег и тимот на Гуиф беа дел од традиционалниот турнир во Струга во 2023 и 2024 година.
47-годишниот Рогановиќ селекторската функција на Црна Гора ја извршуваше во периодот од 2018 до 2023 година.