Ривалот на Македонија во големи проблеми, се повреди уште еден десен бек

Репрезентацијата на Германија, која е еден од ривалите на Македонија на Европското првенство 2024, се соочува со сериозни проблеми пред настапот на континенталниот собир.

По повредата на Пол Друкс, кој е еден од носителите на играта во германската репрезентација, повреда доживеа уште еден десен бек.

Станува збор за членот на Магдебург, Филип Вебер, кој се повреди на денешниот меч против Ал Калеј во рамки од првото коло од Супер Глоуб, неофицијалното светско клупско првенство.

Според информациите од германските медиуми, искусниот ракометар имал лош пад на теренот и морал да биде изнесен на носилки.

Германија освен со репрезентацијата на Македонија ќе игра и против Франција и Швајцарија. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.