Македонската репрезентативка Сара Ристовска на 8 јули ќе ги започне подготовките за новата сезона со новиот клуб Рапид Букурешт.
Таа по пет сезони замина од ЦСКА Москва и ќе има друг предизвик во кариерата, а ќе се врати и во Лигата на шампионите по две сезони пауза.
Рапид Букурешт објави дека подготовките ќе стартуваат на 8 јули, ќе се тренира во главниот град на Романија.
Кон крајот на јули ќе биде одигран и првиот пријателски натпревар против Стинта Букурешт, а во август Рапид и македонската репрезентативка ќе играат на неколку пријателски турнири.
Иако најголем дел клубови ќе стартуваат дури кон крајот на јули со тренинзите поради Олимписките игри, романскиот клуб сепак одлучи поинаку.