Некогашниот македонски репрезентативец Ристо Арнаудовски во новата сезона ќе седи на клупата на австрискиот тим Грац.
Тој во април се раздели со Барнбах, потоа го презема Грац кој го водеше еден месец и му донесе опстанок во австриската елита.
43-годишниот Македонец кој е роден во Загреб, претходно работеше во машкиот тим Ферлах од Австрија, како и во женскиот тим од Хрватска, Зрињски Чаковец.
Во играчката кариера играше за Загреб, Перутина ПИПО, Босна и Дубрава во Хрватска, а потоа и во неколку австриски екипи.
Тој ја заврши играчката кариера во 2019 година, а беше дел од составот на Македонија на Светското првенство во 2017, кога селектор беше Лино Червар.

























