Рикановиќ: По денешниот триумф сме поблиску до плеј-офот

Екипата на Струга на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа славеше со 33:22 во натпревар од деветтото коло од суперлигашката конкуренција.

Стружани победата ја обезбедија уште во првиот дел кога во периодот од 20 минута, па до крајот на полувремето, го запреа домаќинот, се одлепија на четири до пет гола разлика и до финишот целосно го надиграа домаќинот.

Голманот на Струга, Дејан Рикановиќ ги сподели своите импресии по триумфот во Куманово.

,,Ги искористивме грешките на противникот, стартувавме јако уште во воведниот дел, не им дозволивме на домаќините да ни се доближат и со добрата одбрана и лесните погодоци имавме успешна реализација. Сега по денешниот триумф сме поблиску до плеј-офот, но до крајот ќе треба да го дадеме максимумот. Одиме на заслужен одмор, па потоа се враќаме на обврските и ќе се подготвуваме за домашниот дуел со Тиквеш. Одиме на три бода во овој дуел, ќе биде тешко, но никој така лесно не освојувал бодови во Струга”, изјави Рикановиќ.

Струга со новите три бода стигнаа до 15 бода, ја задржаа 4. позиција на табелата во групата А и имаат три, односно шест бода повеќе од директните ривали за плеј-офот, тимовите на Аеродром и Еурофарм Пелистер 2.

Костоски: Ги искористивме грешките на Куманово, имавме одлична одбрана!

Стружани убедливо против Куманово за петта сезонска победа