РФМ одлучи – бесплатен влез за дуелот Македонија – Азербејџан

Женската сениорска репрезентација на Македонија на 11 октомври го започнува квалификацискиот настап за пласман на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Прв ривал на избраничките на Кристијан Грчевски ќе биде репрезентацијата на Азербејџан.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи влезот за дуелот со Азербејџан да биде слободен, па така ракометарките на Македонија можат да очекуваат голема поддршка на првиот квалификациски натпревар за пласман на континенталниот собир следната година.

Освен Азербејџан, ривали на Македонија се и репрезентациите на Литванија и некогашниот светски вицепрвак Шпанија.

Дуелот меѓу Македонија и Азербејџан ќе се одигра на 11 октомври во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Грчевски скрати список – 22 ракометарки во конкуренција за Литванија и Азербејџан