Магдебург по 966 дена го победи Кил!

По 966 дена пауза од 7 февруари 2024, екипата на Магдбург успеа да го победи големиот ривал Кил.

Избраниците на Бенет Вигерт по шест меча без победа над „зебрите“ во сите натпреварувања, им го нанесоа првиот сезонски пораз на „зебрите“ и новиот тренер Борге Лунд.

Уште на паузата Магдебург водеше со 15-9, а во вториот дел гостите немаа решенија за располежените Мандиќ и Кузмановиќ на голот на домашниот тим.

Омар Инги Магнусон беше најдобар стрелец со 11 погодоци во победничкиот тим и сега Магдебург се врати на врвот во Бундес лигата.

Магдебург има 12 бода, Фленсбург и Кил се на делба на втората позиција со 11 бодови.