Еурофарм Пелистер има големи проблеми против Логроњо Ла Риоха и на полувреме има негатива од 8-16. Ова е најлошо прво полувреме за битолчани во европските купови последните години, особено на домашен терен.
Шпанскиот состав фуриозно го отвори дуелот и поведе со 5-0, додека битолчани својот прв погодок го постигнаа дури во седмата минута преку Самоил Ристевски. Домаќинот се обиде да се врати и намали на 2-6, но следуваше нова серија од три гола на Логроњо за убедливи 2-9. Играа домашните „7 на 6“ и со секоја грешка Шпанците казнуваа.
Еурофарм Пелистер накратко ја запре серијата на гостите и дојде до 4-10, но шпанскиот тим повторно го казни секое промашување и секоја грешка, па во 22. минута стигна до највисоките девет гола разлика, 4-13.
Гостите го имаа голманот Жоан Ледо кој имаше 13 одбрани од 21 упатен удак кон неговиот гол. На спротивната страна домашните голмани имаа само три успешни одбрани.

Најголемиот проблем на битолчани е слабата реализација. Еурофарм Пелистер погоди само 8 пати од 23 обиди, додека гостите постигнаа 16 гола од 23 удари.
Шесте гола на македонскиот вицепрвак само Петар Атанасијевиќ даде 2 гола, а Ристевски, Хенигман, Калајџиески, Серафимов, Колаковиќ и Павле Атанасијевиќ постигна по 1 гол. Кај Логроњо, Д’Антино е најефикасен со четири гола од исто толку обиди, а Алваро Мартинез Лобато исто така има 4 погодоци.

























