Финалистот на ЕХФ Купот од минатата сезона, Татабања, имаше лош старт на новата европска сезона и загуби дома од Слован Љубљана со 36-31.
Избраниците на Урош Зорман одиграа одличен натпревар, особено во второто полувреме и не му дозволија на домаќинот да се надева на пресврт.
Човекот што го водеше Слован до триумф беше десното крило Тим Цокан со 16 гола, а Кирил Самоила постига седум. Во домашниот тим само Бенедек Елеш беше расположен и постигна пет погодоци.
Фленсбург, некогашниот освојувач на трофејот во Лигата на Европа, по нерешениот резултат на полувремето, 16-16, на мечот со шпанскиот Гранољерс, го реши ривалот во вториот дел и имаше старт со убедлива победа, 40-31. Со по шест гола Волц, Берхолт и Мелер го водеа Фленсбург, а во гостинскиот состав блескаа Фис и Уррдангарин со по девет гола.
Кадетен Шафхаузен предводен од исландското лево крило Один Тор Рикардсон со 14 голови, славеше без поголеми проблеми против романскиот ЧСМ Букурешт со 39-32. Андреј Драган за гостинскиот тим даде 11 гола.
Лига на Европа, 1 коло:
група А
Нексе – Сен Рафаел 33-26
Елверум – Хамарби 37-28
група Б
30/09, 20:45, Бидасоа Ирун – Хафнарфјордур
30/09, 20:45, Лимож – Мадеира
група Ц
Извиѓач – Шамбери 34-33
Кадетен Шафхаузен – ЧСМ Букурешт 39-31
група Д
Савехоф – Сесвете 34-27
30/09, 20:45, Татран Прешов – Бергишер
група Е
Бузау – Агуаш Санташ 30-30
Фленсбург – Гранољерс 40-31
група Ф
Карвина – Холстебро 23-33
Бенфика – Торелавега 24-31
група Г
Гумерсбах – Вибжеже Гдањск 34-38
30/09, 20:45, Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
група Х
Валур – Морс 39-28
Татабања – Слован Љубљана 31-36
Нексе сигурен против Сен Рафаел, Торелавега ја изненади Бенфика
Ќе биде интересно во групата на пелистерци – Вибжеже го шокира Гумерсбах среде Германија!

























