Еве кои судии ќе делат правда на дербито Вардар – Охрид!

Натпреварувачката комисија на РФМ ги одреди официјалните лица за натпреварите од 5 коло во Супер машката лига.

Дерби двобојот меѓу Вардар и Охрид ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека делегати ќе бидат Ацо Николовски и Игор Огненов.

Браќата Ќаеви ќе бидат задолжени за арбитражата на средбата во Автокоманда меѓу „витамините“ и Младост Богданци, а мечот во Битола меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Куманово ќе го судат Лејла Јашар и Викторија Прентоска.

Правдата на мечот меѓу тимот на Кирил Лазаров и Тиквеш ќе ја делат Марија Илиева и Силвана Карбеска, а Дамјан Савиќ и Марко Огњановски ќе го судат мечот меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер.

Супер машка лига, 5 коло:

02/10, 14:00, Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер (Огњановски/Савиќ)
03/10, 16:00, Мулти Есенс – Младост Богданци (Ќаев/Ќаев)
03/10, 17:30, Еурофарм Пелистер 2 – Куманово (Јашар/Прентоска)
03/10, 18:30, Вардар – Охрид (Митревски/Тодоровски)
03/10, 19:00, Алкалоид – Тиквеш (Илиева/Карбеска)
03/10, 19:00, Прилеп – Струга (Георгивски/Георгиевски)