Ревијален натпревар во Радовиш – легендите на клубот против актуелниот состав

Актуелниот прволигаш Радовиш, кој долги години беше дел од Супер лигата, сезонава има амбиции да се врати во елитното друштво по само една година пауза.

За крајот на оваа сезона, в четврток на 21 декември, клубот организира ревијален натпревар меѓу легендите на Радовиш кои ќе играат против актуелниот состав.

Сите љубители на ракометот ќе имаат можност в четврток, да ги видат ракометарите што во минатото го носеле дресот на овој клуб, како и ракометарите што во моментов им носат радости на радовишани.

Најпрво Радовиш ќе се соочи со Металург РА во последната рунда од Првата лига истиот ден, а од 19:30 во СРЦ „25 мај“ ќе се одигра и овој ревијален натпревар.