Ракометари позираа разголени за клупски календар со хумана цел (ФОТО)

Ракометарите на германскиот нисколигаш Бертхајм решија да позираат разголени на клупскиот календар за 2024 година.

Тие се разголија со цел да заработат повеќе финансии од продажбата и тие да ги вложат во развојот на младинските школи, пишува „Билд“.

Клупскиот календар на Бертхајм кој е испечатен во само 360 копии, се продава по цена од 20 евра на клупскиот сајт, а на страниците може да се видат ракометарите во сала, на терен, во соблекувална…

Само половина – 11, од 22 ракометари во првиот тим на возраст меѓу 18 и 32 години позираа за клупскиот календар за 2024 година.