Раул и Партизан „фрлија око“ на дански голман!

Српскиот првак Партизан кој и оваа сезона е фаворит за одбрана на тронот, формира одличен ростер за наредната сезона кога клубот би можел да заигра во Лигата на шампионите.

Најново засилување за Партизан би можел да биде искусниот чувар од Данска, Јаник Грин, кој во моментов ги брани боите на ПСЖ.

Тој имаше потпишано договор со данскиот ХОЈ и планираше камбек во татковината, но овој клуб испадна во прволигашкото друштво, па сега сите опции се отворени.

Партизан и Грин се во интезивни преговори, па доколку се договорат тој ќе му прави друштво на Андреј Трнавац на голманската позиција.

Претходно покрај тренерот Раул Гонзалез, Партизан ги договори Владислав Кулеш, Милош Кос, Јуав Лумбросо, Тобијас Вагнер, Мигел Санчез Мигаљон, Илија Абутовиќ…