Ракометот на плажа нема да стане олимписки спорт најмалку до 2032 година

Претстојните Олимписки игри во Париз ќе минат без ракометот на плажа, а овој спорт нема да стане олимписки ниту на ОИ во Лос Анџелес.

Желбата на ракометните работници овој спорт да влезе на листата на олимписки спортови нема да се оствари најмалку до Мелбурн 2032 година.

Организацискиот комитет на ОИ во Лос Анџелес, предложи пет нови спортови кои би можеле да се најдат на листата – крикет, сквош, лакросс, софтбол и флег фудбал (американски фудбал без контакт).

Македонија своевремено имаше одлични репрезентации и во машка и во женска конкуренција, но во поново време овој спорт е комплетно заборавен, иако лани бевме дел од ЕП кај дамите.