Ракометен маратон – еве го распоредот на сите натпревари во младинските лиги

Покрај битките во сениорските лиги, активните ќе бидат и ракометарите и ракометарките во младинските конкуренции, па викендов и во текот на неделата не очекуваат голем број на натпревари насекаде низ Македонија.

Претстојниот викенд продолжува младинската лига во машка конкуренција, каде ќе се одигра 8. коло. Се одигра градски двобој меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, кој го доби вториот тим на битолчани.

Бутел славеше убедливо против Вардар, Прилеп го пречекува Младост Богданци, додека шампионот Голден Арт е домаќин на Тиквеш. Пролет оди на тешко гостување кај Охрид.

Младинци, 8. коло:

Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 31-26
Бутел Скопје – Вардар 30-21
21-22/11, Овче Поле – Алкалоид
22/11, 19:00, Прилеп – Младост Богданци
20/11, 16:30, Голден Арт – Тиквеш
19/11, 11:30, Охрид – Пролет
Мулти Есенс слоб.

Во женската младинска лига се играат натпреварите од 5 коло. Вардар и Куманово имаат лесни противници.

Вардар славеше убедливо против Спартак, додека Куманово оди на гостување кај Скопје. Илинден Вардар ќе го пречека Шампион, додека Ѓорче Петров е слоб.

Младинки, 5. коло:

Вардар – Спартак 38-30
18/11, 15:00, Скопје – Куманово
18/11, 14:30, Илинден Вардар – Шампион
Ѓорче Петров слоб.

Во машката кадетска лига ќе се одиграат многу натпревар. Во група А, Прилеп гостува кај Кузман Вардар, а Охрид оди во Битола на натпревар против Еурофарм Пелистер.

Во група Б, фаворитската улога има Мулти Есенс против Вардар Неготино, Еурофарм Пелистер 2 оди на гости во Кавадарци кај Тиквеш.

Во група В, кадетите на Бисинов ќе играат против Алкалоид, додека Куманово ќе одигра дуел со Македонија Ѓорче Петров. Бутел Скопје веќе го одигра мечот со Борец и славеше убедлива победа.

Кадети, 3. коло:

Група А
18/11, 10:30, Кузман Вардар – Прилеп
18/11, 14:30, Еурофарм Пелистер – Охрид
18/11, 12:30, Скопје – Преспа Вардар
Струга слоб.

Група Б

19/11, 14:00, Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2
19/11, 10:30, Вардар – Партизан Гевгелија
21/11, 18:00, Голден Арт – Младост Богданци
19/11, 12:00, Вардар Неготино – Мулти Есенс

Група В, 4 коло:

19/11, 17:00, Бисинов – Алкалоид
19/11, 13:00, Куманово – Македонија Ѓорче Петров
Борец – Бутел Скопје 21-37
Аеродром слоб.
Астраион слоб.

Кај кадетките на програмата се натпреварите од 5 рунда. Вардарки се домаќини на Стружанка, додека Ѓорче Петров го чека тешко гостување кај составот на Чаир, а Делчево Вардар го пречекува Илинден Вардар.

Тимот на Гевгелија веќе го одигра мечот во Гостивар против Јехона и славеше триумф со 28-20.

Кадетки, 5. коло:

18/11, 16:00, Вардар – Стружанка
Јехона – Гевгелија 20-28
18/11, 14:00, Чаир – Ѓорче Петров
19/11, 14:00, Делчево Вардар – Илинден Вардар

Кај пионерите продолжува 6. коло со голем број на натпревари во сите три групи. Во група А, Голден Арт ќе игра против Еурофарм Пелистер 2. Јуниор Кисела Вода, кој нема ниедна победа ќе го пречека тимот на Асови Вардар.

Во група Б, Еурофарм Пелистер посакува продолжување на победничката серија на гостувањето кај Скопје. Прилеп ќе брка триумф на гости кај Илинден Вардар.

Во група В, ќе има дерби меѓу Куманово и Бисинов, додека тимот на Аеродром гостува кај Радовиш.

Пионери, 6. коло:

Група А
18/11, 11:30, Голден Арт – Еурофарм Пелистер 2
19/11, 20:00, Јуниор Кисела Вода – Асови Вардар
19/11, 13:30, Oхрид – Мулти Есенс
19/11, 12:30, Вардар – Динг
Струга слоб.

Група Б
18/11, 12:30, Илинден Вардар – Прилеп
19/11, 17:00, Скопје – Еурофарм Пелистер
18/11, 13:00, Тиквеш – Младост Јуниори
18/11, 13:00, Голден Арт Аеродром – Вардар Неготино
Алкалоид слоб.

Група В
18/11, 16:00, Куманово – Бисинов
19/11, 18:00, Радовиш – Аеродром
18/11, 16:00, КЛ7 Свети Николе – Бутел Скопје
18/11, 17:00, Пролет – Астраион
18/11, 17:30, Македонија Ѓорче Петров – Текстилец

Продолжува и пионерската лига во женска конкуренција, каде се игра 5. коло.

Во група Б, Чаир по победата против Деспина во минатото коло, на домашен терен ќе го пречека фаворитот Ѓорче Петров. Металург по поразот од Стружанка ќе бара бодови против Деспина.

Во група А, вардарки се домаќини на Младост Богданци, а Делчево Вардар славеше на гостински терен во Свети Николе кај Овче Поле СУ.

Пионерки, 5. коло:

Група А
Кузман Вардар Илинден – Старк 15-24
19/11, 17:30, Вардар – Младост Богданци
20/11, 18:30, Астибо – Металург Автокоманда
Овче Поле СУ – Делчево Вардар 11-30

Група Б
18/11, 13:00, Пелистер – Лихнид
19/11, 11:00, Чаир – Ѓорче Петров
19/11, 18:00, Металург – Деспина
19/11, 12:00, Младост Јуниори – Стружанка