Ракометен маратон – еве го распоредот на натпреварите во сите младински лиги

Претстојниот викенд ќе се одиграат голем број натпревари во сите конкуренции од младинските лиги. 

Кај младинците на програмата е 7 коло. Вардар е домаќин на Охрид, Пролет ќе игра против Еурофарм Пелистер 2. Прилеп ќе бара бодови против Тиквеш, а ќе се игра братски дуел меѓу Алкалоид и Мулти Есенс.

Еурофарм Пелистер ќе го пречека Голден Арт, Младост Богданци ќе игра дома со  Овче Поле, а тимот на Бутел Скопје е слободен.

Младинци, 7. коло, распоред:

11/11, 12:00, Вардар – Охрид
14/11, 16:30, Пролет – Еурофарм Пелистер 2
12/11, 11:00, Еурофарм Пелистер – Голден Арт
14/11, 19:30, Тиквеш – Прилеп
12/11, 15:00, Младост Богданци – Овче Поле
15/11, 20:00, Алкалоид – Мулти Есенс
Бутел Скопје слоб.

Викендов ќе се одигра 4. коло кај младинките, каде има едно дерби. Шампион е домаќин на Вардар, Спартак ќе го пречека Скопје, а дербито се игра меѓу Куманово и Ѓорче Петров. Слободна е екипата на Илинден Вардар.

Младинки, 4. коло, распоред:

12/11, 14:30, Шампион – Вардар
12/11, 12:00, Спартак – Скопје
Куманово – Ѓорче Петров
Илинден Вардар слоб.

Кај кадетите во група А и Б се игра 2. коло, додека во група В се игра 3. коло.

Во група А, тимот на Прилеп е слободен, Охрид игра против Кузман Вардар. Еурофарм Пелистер гостува во Ресен, а Струга е домаќин на Скопје.

Во група Б, не очекува дерби меѓу екипите на Мулти Есенс и Голден Арт. Еурофарм Пелистер 2 ќе брка победа против Вардар Неготино, а вардарци гостуваат кај тимот на Младост од Богданци.

Во група В се игра 3. коло, каде има две слободни екипи, а тоа се Куманово и Борец. Бисинов ќе оди на гостување кај Македонија Ѓорче Петров, Алкалоид игра против Астраион, а Бутел ќе го пречека Аеродром.

Кадети, 2/3. коло, распоред:

Група А
13/11, 17:00, Струга – Скопје
11/11, 19:30, Преспа Вардар – Еурофарм Пелистер
12/11, 12:00, Охрид – Кузман Вардар
Прилеп слоб.

Група Б
12/11, 17:00, Еурофарм Пелистер 2 – Вардар Неготино
11/11, 15:30, Мулти Есенс – Голден Арт
13/11, 18:30, Младост Богданци – Вардар
12/11, 12:00, Партизан Гевгелија – Тиквеш

Група В
12/11, 18:00, Македонија Ѓорче Петров – Бисинов
12/11, 13:00, Алкалоид – Астраион
13/00, 20:00, Бутел Скопје – Аеродром
Куманово слоб.
Борец слоб.

Кај кадетките, се игра 4. коло со четири натпревари.

Стружанка на домашен терен ќе го пречека Делчево Вардар и ќе ја има фаворитската улога, додека ист ќе биде случајот со Чаир на гости кај Илинден Вардар.

Ѓорче Петров на домашен терен ќе ја пречека Јехона, додека Вардар оди на гостување кај Гевгелија со фаворитска улога.

Кадетки, 4 коло, распоред:

11/11, 12:30, Стружанка – Делчево Вардар
12/11, 12:00, Илинден Вардар – Чаир
11/11, 12:00, Ѓорче Петров – Јехона
13/11, 20:00, Гевгелија – Вардар

Ни следува возбудлив викенд во пионерската лига во машка конкуренција, каде се игра 5. коло.

Во група А, Мулти Есенс игра со Јуниор Кисела Вода, а составот на Асови Вардар е домаќин на Вардар. Еурофарм Пелистер 2 ќе бара бодови против Струга, а Голден Арт е фаворит кај Динг.

Во група Б, Прилеп го пречекува Алкалоид, тимот на Младост Јуниори ќе го пречека Скопје. Еурофарм Пелистер е домаќин на Голден Арт Аеродром.

Во група В, дерби меѓу Аеродром и Бисинов. После поразот од Куманово, Аеродром ќе бара бодови на домашен терен против тимот од Велес.

После победата над Аеродром, Куманово ќе атакува на нова победа кај пионерите на гостувањето кај Пролет. Астраион на домашен терен ќе игра против КЛ7 Свети Николе.

Пионери, 5. коло, распоред:

Група А
11/11, 12:30, Мулти Есенс – Јуниор Кисела Вода
11/11, 15:00, Асови Вардар – Вардар
12/11, 14:30, Еурофарм Пелистер 2 – Струга
12/11, 16:00, Динг – Голден Арт
Охрид слоб.

Група Б
11/11, 17:30, Младост Јуниори – Скопје
12/11, 13:00, Еурофарм Пелистер – Голден Арт Аеродром
11/11, 11:00, Прилеп – Алкалоид
11/11, 15:00, Вардар Неготино – Илинден Вардар
Тиквеш слоб.

Група В
13/11, 20:30, Пролет – Куманово
11/11, 13:45, Астраион – КЛ7 Свети Николе
11/11, 17:00, Бутел Скопје – Македонија Ѓорче Петров
11/11, 12:00, Аеродром – Бисинов
12/11, 10:00, Текстилец – Радовиш

Продолжуваат натпреварите кај пионерките, каде викендов ќе се одигра 4. коло.

Во група А, Старк е домаќин на Овче Поле СУ, Делчево игра со Астибо, дерби меѓу Металург Автокоманда и Вардар, а Младост Богданци ќе го пречека Кузман Вардар Илинден.

Во група Б, Лихнид ќе го пречека Младост Јуниори, Металург ќе бара бодови на гостувањето кај Стружанка, Чаир ќе оди на триумф против Деспина, а Ѓорче Петров на домашен терен ќе игра против Пелистер.

Пионерки, 4. коло, распоред:

Група А
11/11, 13:00, Старк – Овче Поле СУ
Делчево Вардар – Астибо 27-7
12/11, 10:30, Металург Автокоманда – Вардар
11/11, 12:00, Младост Богданци – Кузман Вардар Илинден

Група Б
11/11, 11:00, Лихнид – Младост Јуниори
12/11, 20:00, Стружанка – Металург
11/11, 13:00, Деспина – Чаир
12/11, 12:00, Ѓорче Петров – Пелистер