Ракометарките на европскиот првак како маркетинг агенти – сами бараат спонзори!

Трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансад од Норвешка се соочува со големи финансиски проблеми.

Пред извесен период норвешкиот весник „ВГ“ објави дека на Вајперс Кристијансад му се потребни 6.000.000 круни (околу 525.000 евра) за да преживее до крајот на сезоната.

Според пишувањата на nrk.no, ракометарките на Вајперс Кристијансад во улога на маркетинг агенти му помогнале на клубот да обезбеди нови спонзори.

Ракометарките ги контактираа локалните компании и мали претпријатија во Кристијансад барајќи потенцијално спонзорство или симболична помош.

Речиси 15 компании дале свој придонес во спасувачки пакет за Вајперс Кристијансад, на кој му се закануваше банкрот.

На европскиот шампион му требаат над 500.000 евра за да преживее!