Македонија со пораз го заврши настапот на Медитеранските игри

Комбинираната женска селекција на Македонија со пораз го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто.

Избраничките на Даниела Новеска беа совладани од селекцијата на Косово со 22-17, откако на паузата беше 7-5 за ривалот.

Ања Лашкоска беше најдобар стрелец во македонската репрезентација и успеа да постигне пет гола во противничката мрежа.

Македонија, која во ростерот имаше кадетки и младинки, го заврши настапот во Таранто со една победа и пет порази.