Поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац, најверојатно ќе остане во бундеслигашот Рајн Некар.
Хрватот, кој пред извесен период се врати на терените од долгата пауза, во тимот на ,,лавовите’ настапува на позајмица.
Тој има четиригодишен договор со полскиот гигант Келце, а позајмицата истекува на крајот од тековната сезона.
Од таборот на Рајн Некар веруваат дека Јагањац може да биде корисен во иднина, па така се очекува левиот бек да остане во Германија.
Јагањац во сезона 2021/22 заедно со Петар Ѓорѓиќ беа најдобри стрелци во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.