Повремениот репрезентативец на Германија, Лука Вицке, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Рајн Некар, пренесува „RTH Handball“.
25-годишниот ракометар моментално е член на Лајпциг, а во редовите на „лавовите“ би бил замена за младиот Јури Кнор, кој во следната сезона ќе игра за Алборг.
Вицке за Лајпциг настапува од сезона 2019/20, претходно беше дел од Есен, а настапуваше и за неколку нисколигашки клубови.
За сениорската репрезентација на Германија настапува од 2021 година, има одиграно 26 меѓународни натпревари и постигнато над 50 погодоци.