Првпат дама ќе ја води Данска

Предводничката на романскиот ЧСМ Букурешт, Хеле Томсен, ќе биде нова селекторка на женската репрезентација на Данска.

Таа доаѓа на местото на Јеспер Јенсен, кој ова лето заминува од селекторската функција и ќе го преземе унгарскиот Ференцварош.

Според ТВ2, потписот на договорот не е ставен, но 54-годишната Томсен и данската федерација веќе си подадоа рака.

Томсен на клупско ниво работеше во данскиот Икаст, па ЧСМ Букурешт, норвешкиот Молде, турскиот Кастамону, францускиот Нант, а минатото лето се врати во романскиот шампион.

Ги водеше и репрезентациите на Шведска и Холандија, со кои освои медали на големите натпреварувања, а сега ќе ја предводи и селекцијата од татковината.

Досега Данска ја водеа 14 мажи, а Томсен ќе биде првата дама што ќе ја води женската репрезентација.