Левиот бек на Бутел Скопје од идната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.
Тој на лето се сели во Германија и ќе носи дресот на тимот на Аполда, кој важи за македонска колонија.
Таму е екс голманот на Пелистер, Игор Тоскоски, како и кружниот напаѓач Пеце Ѓорѓиески, а претходно таму играа и крилата Васил Митевски и Игор Илиевски.
Милошески покрај за Бутел Скопје, играше и за тимовите на Голден Арт, Прилеп, Работнички и Вардар Јуниор.