Пролет го доби градското дерби со Голден Арт

Екипата на Пролет останува меѓу трите првопласирани екипи во Б групата од Супер лигата по триумфот над Голден Арт од 25-23 (12-9). Гостите сега имаат 12 бода, и се веднаш зад Вардар и Еурофарм Пелистер, а тимот на Голден Арт остана на шесте бода што ги имаше. Пролет е во игра за плејофот, а Голден Арт во група од три екипи, заедно со Бутел и Прилеп, кои веројатно ќе се борат заедно за место во плејофот.

Голманот Данило Михаљевиќ беше еден од главните виновници што Пролет во првото полувреме на дуелот со Голден Арт имаше предност, која на двапати беше „плус 6“ (11-5 и 12-6). Црногорскиот интернационалец имаше десет успешни одбранети топки, повеќе од бројот на постигнати голови на противничкиот тим. Неговите соиграчи речиси после секоја негова одбранета топка постигнуваа гол.

На другата страна искусниот Златко даскаловски дури во 18 минута ја имаше својата прва успешна одбрана, а до крајот на првото полувреме собра само пет топки, двојно помалку од неговиот колега на спротивната страна.

Гостите го искористија моментот од 11 минута па до 17 минута да направат првпат „плус 4“ и да поведат со 8-4. Период на криза во играта на Голден Арт, а особено во следните седум кога се направи и највисоката предност за гостите. Михаљевиќ за пет минути имаше три одбрани, а Даскаловски две, но мрежите мируваа. Потоа на трите технички грешки на домаќините, реализираа Андоновски, Додевски и Димковски.

Првпат Пролет имаше водство од 11-5, што беше причина тренерот Филип Глигоров да побара по вторпат тајм ауат. Малку се средија редовите, но дури во последните три минути Голден Арт врза серија од три гола и намали на 9-12 за да се надева на неизвесно второ полувреме.

И второто полувреме навистина беше интерсно, бидејќи веќе во 38 минута Голден Арт израмни на 14-14. Но, не продолжија со исто темпо, па Пролет повторно направи серија за ново водство, 17-14. Се врати Голден Арт пак на „минус 1“ и намали на 19-20 во 54 минута. Но, само поради брзоплетост и технички грешки на стигнаа до израмнуваше. Искусниот ривал знаеше се да казни, секоја шанса што ја имаше.

Но, последните 180 секунди донесоа нова драма. Пролет зголеми на 23-20, а потоа по исклучувањето на Томислав Димковски домаќините намалија на 22-23. Ама, пак поради техничка грешка на Голден Арт, успеа да зголеми на 24-22.

Во последната минута Голден Арт намали на 23-24, на празен гол, и последниот напад го имаа гостите. Ја држе а топката до последните секунди и Давор Палевски стави печат на триумфот на Пролет, 25-23.

Кај победничкиот тим Александар Василевски со 8 гола беше најпрецизен, а Давор Палевски дае 6 гола. Голманот Данило Михаљевиќ имаше вкупно 14 одбранети топки. Кај Голден Арт најпрецизен беше Дејан Гошевски со 6 гола, а по четири гола дадоа Тоше Ончев и Есад Дрпљанин. Голманот Златко даскаловски имаше 12 успешни одбрани.

Во следното коло Голден Арт гостува во Прилеп, додека Пролет е домаќин на Еурофарм Пелистер.

Табела – Б група

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126