Претседателот Стефанов со порака до ракометарките: Нема разочарување, главата горе!

Македонија беше елиминирана од Полска во бараж двомечот за пласман на Светското првенство 2025, но и покажа заби особено во Битола.

По поразот со 22-18 во Кошалин, македонските репрезентативки загубија со 23-21, иако во најголем дел од мечот беа во егал со посилниот противник.

Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, ги охрабри девојките и стручниот штаб.

„Пожртвувана игра, борбен дух, срце на терен. Големо браво до девојките и целиот стручен тим. Нема разочарување, главата горе! Maкедонскиот женски ракомет има иднина“, напиша Стефанов на социјалните мрежи.

Следен предизвик за женската репрезентација ќе бидат квалификациите за ЕП 2026 против Германија, Словенија и Белгија.