Преспа Вардар со победа на домашен терен ја заврши сезоната

Ракометарите на Преспа Вардар во последниот сезонски натпревар успеаја да обезбедат триумф и победнички да ја завршат сезоната.

Преспа Вардар на свој терен во последното коло од прволигашкиот плеј-аут за ривал ја имаше екипата на Астраион од Струмица.

Домаќините беа подобри во двете полувремина и на крај триумфираа со шест гола разлика, 34:28 (20:14).

Најефикасни во победничката екипа со по пет погодоци беа Христијан Радевски и Александар Филиповски.

Во поразениот табор шутерски расположен беше Васе Наков, кој запиша 11 погодоци и подели неколку асистенции кон своите колеги.