Со натпреварот од Супер Купот ќе стартува официјалниот дел од ракометната сезона во Македонија.
Натпреварувачката Комисија на РФМ ги делегираше официјалните лица за двобојот меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот – „сино-белите“ од Автокоманда.
Тоа ќе бидат најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои ќе ја делат правдата на дуелот што ќе се игра утре од 19:00 часот во салата „26 Април“ во Гевгелија.
Ова е седми Супер Куп натпревар во Македонија, Вардар има освоено четири трофеи, додека Еурофарм Пелистер славеше во 2021 и 2022 година.