Петтото коло од суперлигашкиот плеј-оф ќе се одигра во пет дена – два меча пред Велигден, а еден после празникот.
Дербито во Автокоманда, меѓу тимот на Кирил Лазаров и шампионот Еурофарм Пелистер е закажано за вторник, 14 април со почеток од 19:30 часот.
Претходно в четврток од 15:15 часот, ќе се одигра натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, додека в петок од 17:00, Охрид на домашен терен ќе го пречека Тиквеш.
На табелата, Вардар води со 50 бодови, Еурофарм Пелистер има 42, но и меч помалку, додека Охрид на третото место има 40, исто така со натпревар помалку.


























