Познати судиите за историскиот натпревар меѓу Македонија и Франција

Eвропската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло на Европското првенство.

Македонија и Франција утре ќе го отворат континенталниот собир со мечот на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.

Судии на овој историски натпревар ќе бидат Швеѓаните Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, а делегати ќе биде Словакот Владимир Ранчик и Данецот Јан Капман.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе се игра пред повеќе од 50.000 гледачи на стадионот во Диселдорф, а ќе започне во 18:00 часот.

Подоцна во вториот термин на првиот ден од Европското првенство од 20:45 часот ќе играат домаќинот Германија и Швајцарија.