ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Се враќа Јовановска, деби за Ѓорѓиевска

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство во Скопје.

Последен ривал на Македонија од групната фаза ќе биде репрезентацијата на Ангола, а на „црвено-жолтите“ им е потребна победа за пласман во главната фаза на младинскиот Мундијал.

За вечерашниот дуел се враќа голманката Марија Јовановска, која не беше во составот на натпреварот против Исланд, а шанса ќе добие членката на Илинден Вардар, Ева Ѓорѓиевска.

Анастасија Величковска и Вероника Ѓорѓиевска, кои беа во составот на вчерашниот натпревар, ќе останат на трибините.

Натпреварот меѓу Македонија и Ангола е закажан за 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Влезот за сите љубители е слободен.