ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Ројевиќ избра 16 „војници“ за „натпреварот над натпреварите“

Ракометарите на Охрид денеска го играат реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп против унгарската Татабања.

Охриѓани го добија првиот дуел во Унгарија со 29-28, па со предност ќе го дочекаат вториот дуел против Житников, Секељ, Елеш, Мосинди…

Домашниот тренер Ројевиќ ќе смета на истите ракометари од првата средба плус десното крило Ален Ќосевски. Одамна во аут се повредените Борозан и Петриќ, како и Јотиќ, а во составот не се Ѓорѓески, Трајчески, Бојаниќ…

Гостинскиот стратег Тот нема да смета на Матеј Хавран, кој потешко се повреди на првиот меч во Татабања, додека останатиот дел од тимот е истиот.

Мечот меѓу Охрид и Татабања се игра вечерва од 20:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, а билети одамна веќе нема за овој натпревар.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________