Тимот на Охрид испиша уште една страница во клупската историја и за првпат ќе игра во европско финале.
Тренерот на охриѓани го одреди составот за денешната пресметка, а покрај претходно повредените Петриќ и Борозан, од комбинација во последен момент отпадна десното крило Ален Ќосевски.
Домашниот стратег Едмонд Тот одамна не може да смета на Јосип Шарац, а во ростерот на Татабања ќе бидат Григорас, Талески, Житников, Даматрен…
Статистиката најавува вистински судир на стилови. Охрид ја има најдобрата одбрана во натпреварувањето со само 21,8 примени голови по натпревар, додека Татабања во просек прима 31,4. Во нападот двете екипи се речиси израмнети – Унгарците постигнуваат 33,7, а охриѓани 33,2 гола по меч.
Првиот меч меѓу Татабања и Охрид се игра денеска од 17:00 часот.

























