Екипите на Монпелје, ПСЖ, Нант и Тулуз обезбедија место на Ф4 турнирот во Купот на Франција, откако беа победници во четвртфиналните дуели.
Актуелниот бранител на титулата, тимот на Монпелје, во четвртфиналето против Данкерк немаше многу проблеми, триумфираше со десет гола разлика, 36:26 (20:12).
Монпелје на дуелот против Данкерк имаше успешна реализација од дури 80%, пет ракометари беа без промашување.
Лесна задача во четвртфиналето имаше и најбогатиот клуб ПСЖ, кој го доби Ним со 30:22, а победата ја обезбеди уште во првиот дел, во кој „светците“ имаа предност од 21:12.
И Нант имаше лесна четвртфинална задача, без проблеми обезбеди победа над Сент Рафаел со 34:25 (16:13).
Тулуз со победата над Сесон од 28:25 (13:12) ќе има шанса да се бори за трофејот во Купот на Франција.