Познати групите на Африканското првенство – најдобрите пет селекции до билет за СП 2025

На ждрепката што се одржа во Каиро, беа извлечени групите за претстојното Африканско првенство во машка конкуренција.

Домаќинот Египет се најде во групата Б и избраниците на Хуан Карлос Пастор ќе играат против Гвинеја, Камерун и Конго.

Покрај Египет, еден од фаворитите Тунис, ќе биде дел од групата Д со Ангола, Нигерија и Кенија, но ќе има потежок пат до полуфиналето бидејќи ќе вкрсти со Мароко и Алжир, кои се во група Ц.

Африканскиот шампионат е на програмата од 19 до 29 јануари во престолнината на Египет, а најдобрите пет селекции ќе обезбедат место на Мундијалот што ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.