Португалскиот првак се раздели со четворица ракометари

Новиот шампион на Португалија, Спортинг, полека го склопува тимот за новата натпреварувачка сезона, во која ќе учествува и во Лигата на шампионите.

Засега е познато заминувањето на четворица играчи од клубот. Станува збор за Едмилсон Араухо, Леонел Масиел, Еспен Ваг и Етиен Моке.

Левиот бек Араухо ќе се пресели во Франција и ќе го носи дресот на Истр, додека Масиел направи камбек во Шпанија и ќе биде дел од Бидасоа Ирун.

На последните двајца, пак, им завршува договорот и сѐ уште не е познат нивниот нов ангажман. Клубот од Лисабон последен пат во Лигата на шампионите играше во сезона 2019/10.

Со камбекот во европската елита, раководството на клубот ќе мора да ангажира и поквалитетни засилувања.