Медиумите во Германија соопштија нови информации во врска со наводниот допинг на голманот на Магдебург, Никола Портнер, кој привремено е суспендиран и воопшто не тренира со европскиот првак.
Според соопштението од Националната анти-допинг агенција, искусниот голман бил позитивен на неколку недозволени супстанци. Швајцарецот наводно бил позитивен и на метамфетамин, оваа супстанца во светот е позната како „кристален мет“.
Од Магдебург веќе ангажираа адвокати специјализирани за спортско право, а клубот прави сѐ за да се расчисти случајот пред надлежните комисии на федерацијата.
Пред неколку денови Портнер се огласи преку социјалните мрежи и истакна дека секогаш се однесувал согласно спортските вредности и дека ќе направи сѐ за да докаже дека не прекршил никакви прописи за допинг.
Според прописите на Националната анти-допинг агенција, голманот има право да побара анализа на примерокот Б. Доколку е негативен, тогаш ќе му биде дозволено да се врати на терените.
Магдебург како привремена замена за Никола Портнер го ангажираше ветеранот од Шведска, Микаел Агефорс.
Магдебург нема да го чека Портнер, најде друг голман до крајот на сезоната