Пораз на последната проверка пред СП

Женската младинска репрезентација на Македонија против Исланд ја имаше последната проверка пред настапот на Светското младинско првенство.

Македонија на вечерашниот натпревар загуби од островската земја загуби со 32:29 и го освои второто место на пријателскиот турнир во Автокоманда.

Претходно, избраничките на Дарко Јанев на пријателскиот турнир беа подобри од репрезентациите на Кина и Бразил.

Младинките на Македонија на Светското младинско првенство, кое ќе се одржи во Скопје, ќе играат во група заедно со репрезентациите на Исланд, САД и Ангола.

Првопласираната и второпласираната репрезентација од секоја група ќе обезбеди пласман во главната фаза.

Светското младинско првенство ќе се игра во периодот од 19 до 30 јуни во трите сали во СЦ „Борис Трајковски“ и во СЦ „Јане Сандански“.