Престојните четири дена во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржат завршните турнири во Купот на Македонија во организација на РФМ.
Во машка и женска конкуренција ќе учевствуваат по четири екипи, а бранители на трофеите се Вардар кај мажите и Куманово кај жените.
Цената на дневните билети кои вклучуваат два меча по еден во машка и женска конкуренција ќе чинат 200 денари.
Ќе можат да се купат на билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“ на денот на натпреварите и онлајн на „МК Тикетс“.
Куп на Македонија, мажи, распоред:
16.05.2024 (четврток) 19.30 часот, Алкалоид – Вардар
17.05.2024 (петок) 19.30 часот, Тиквеш – Еурофарм Пелистер
19.05.2024 (недела) 19.00 часот, Финале
Куп на Македонија, жени, распоред:
16.05.2024 (четврток) 17.00 часот, Куманово – Ѓорче Петров
17.05.2024 (петок) 17.00 часот, Вардар – Чаир
19.05.2024 (недела) 16.00 часот, Финале