Полека се комплетира репрезентацијата, пристигна Филип Талески

Македонската репрезентација во Стара Пазова го одработува првиот дел од подготовките за Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.

Денес на репрезентативците им се приклучи и левиот бек Филип Талески, кој поради клупски обврски не присуствуваше на првиот собир.

Македонија во Стара Пазова е речиси во комплетен состав, недостасува само капитенот Никола Митревски.

Искусниот голман, исто така поради клупски обврски со Порто, не беше во можност да присуствува на првите тренинзи.

Се очекува голманот на „црвено-жолтите“ да им се приклучи в понеделник, па така Лазаров ќе ги има на располагање сите ракометари.

Ракометарите на Македонија во Стара Пазова ќе одиграат контролен дуел со репрезентацијата на Црна Гора.