По левиот бек Карл Валиниус, кој пред неколку дена од Кил замина во данскиот Есбјерг, таков ќе биде случајот и со голманот Самир Беласен.
Францускиот чувар на мрежата не е во плановите на Филип Јиха по доаѓањето на Андреас Вулф, па Томаш Мрква ќе биде втор голман на „зебрите“.
Беласен ќе ја побара својата среќа во друг бундеслигаш, Штутгарт, кој има двоец од балканските простори на голот – Миљан Вујовиќ и Лука Кривокапиќ.
На лето од Кил ќе замине и Томаш Мрква во Лајпциг, а на Вулф во голманското дуо ќе му се придружи Гонзало Перез Де Варгас.