По сериозна повреда на окото и четири операции, се врати на теренот со заштитни очила

Средниот бек на унгарската репрезентација Адам Јухас, кој од Бенфика направи камбек во татковината, се врати на терените.

Тој заработи сериозна повреда на окото на подоготовките со националниот тим за СП 2023 година, и имаше дури четири операции.

Сега се врати на теренот, но ќе мора да носи заштитни очила.

„Среќен сум што се вратив на теренот, иако мојот вид не е 100%. Зеницата ми е оштетена, па силна светлина ми предизвикува болка. Но сега кога сум на теренот, сакам да се вратам во форма колку што е можно побрзо“, вели Јухас за „Немзети Спорт“.

Јухас од ова лето го носи дресот на Татабања, каде што играат четворица поранешни ракометари на Еурофарм Пелистер – Обрадовиќ, Мараш, Секељ и Периќ.