Норвешкиот шампион Колстад, кој вчера го продаде Сандер Сагосен на Алборг, денеска ги израдува своите фанови.
Актуелниот тренер Кристијан Берге и во иднина ќе остане предводник на тимот, откако се договори на нова долгогодишна соработка.
Екс селекторот на Норвешка во Колстад ќе остане најмалку уште пет сезони, односно до летото, 2030 година.
Освен Берге, во Колстад остануваат Симен Лисе, Симон Јепсон и Мартин Ховде, првите двајца остануваат до 2027, додека Ховде до 2026.
Колстад пред два дена славеше против Нант и остана во игра за пласман во осминафинале во Лигата на шампоните.