По десет години пауза сите машки селекции на Македонија ќе играат на ЕП!

Првпат по десет години пауза, сите три машки селекции на Македонија – кадети, младинци и сениори ќе играат на Европските првенства.

Кадетите по двете победи над Словачка и Косово, обезбедија место на континенталниот шампионат што ќе се игра во Црна Гора во август.

Последен пат кадетите беа на ЕП 2014 година во Полска, а потоа играа на ЕХФ шампионатите, односно во Б дивизијата се до 2022 година. На ЕП 2014 година беше генерацијата на Филип Талески, Марко Нелоски, Тоше Ончев, Давор Палевски…

Во 2014 младинците играа на ЕП во Австрија, а сениорите беа дел од ЕП во Данска, па во 2024 ќе имаме иста ситуација.

Кадетите се на ЕП во Црна Гора, младинците на ЕП во Словенија, а годината ќе започне со настапот на сениорската репрезентација на континенталниот собир во Германија.