По Билик и Божовиќ, Австрија остана без уште еден важен ракометар!

Селекторот Алеш Пајовиќ ќе има уште еден проблем пред натпреварите со Македонија, Холандија и Унгарија од главната рунда на СП.

По Никола Билик и Јанко Божовиќ, Пајовиќ остана и без десниот бек Борис Живковиќ за дуелите што следуваат на Мундијалот.

Живковиќ го повреди рамото на натпреварот против Катар и не беше дел од средбата со Франција, но нема детални информации околу паузата.

Пајовиќ сега е без ударното бековско трио, но тука се Себастијан Фримел, Тобијас Вагнер, Франко Кастро, Немања Белос, Лукаш Хутечек…па Австрија сигурно нема да биде лесен залак.

Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра утре во „Вараждин Арена“ од 15:30 часот.