Екипата на Рапид Букурешт, која во последните две сезони е учесник во Лигата на шампионите, посакува во иднина да доминира на европска сцена.
Клубот од романската престолнина во свјот ростер има неколку познати имиња од типот на Еставана Полман, Ивана Капитановиќ, Марта Лопез…но за остварување на зацртаната цел ќе треба да направи огромни вложувања.
Претседателот на Рапид Букурешт, Богдан Василиу, во интервју за романскиот портал „Фанатик“ изјави дека само со големи плати можат да привлечат играчи.
,,Дали во романскиот ракомет има играчи кои заработуваат од 12.000 до 15.000 евра месечно? Овие плати се привлечни за играчите да дојдат во нашиот клуб, но исто така и името на тренерот е многу важно. Сакаме да ја освоиме титулата во Лигата на шампионите два до три пати до 2030 години”, изјави Василиу.
Рапид Букурешт во досегашниот тек од Лигата на шампионите на шест одиграни натпревари оствари само две победи, едно реми, а доживеа три порази.
Амбициозниот тим по осум одиграни кола во најквалитетното натпреварување во Романија се наоѓа на 5. позиција.