Пионерките на Ѓорче Петров ќе учествуваат на турнир во Србија

Пионерките на македонскиот шампион Ѓорче Петров, како и помладите девојчиња од ракометната школа, денеска отпатуваа за српскиот град Бор, каде ќе учествуваат на новогодишен меѓународен турнир.

На турнирот во Бор, освен домаќинот и Ѓорче Петров, ќе учествуваат уште екипите на Слога Петровац и Напредак од Крушевац. Натпреварите ќе се одиграат во текот на утрешниот ден.

За младите ракометарки на Ѓорче Петров ова ќе биде одлична можност за стекнување драгоцено искуство бидејќи развојот и напредокот на играчите во голема мера зависи од играњето на различни турнири.

Пионерките на Ѓорче Петров оваа полусезона остануваат непоразени во пионерската лига со вкупно осум победи од осум одиграни натпревари и се наоѓаат на врвот од табелата во својата група.

Младите ,,лавици” со дадени рекордни 228 гола и примени само 61 гол се есенски шампиони со последната убедлива победа што ја остварија против екипата на Струга на домашен терен триумфирајќи со 30:06.