Петка за Ристовска, победа за ЦСКА Москва – сметката на Кубан ја плати Звезда

По шокантниот пораз од Кубан Краснодар минатото коло во руското првенство, шампионот ЦСКА Москва им се врати на победите.

Тимот на Сара Ристовска прослави триумф над незгодната Звезда Звенигород со 31-27 во натпревар од осмото коло.

Македонската репрезентативка го одигра целото прво полувреме и успеа да постигне пет погодоци во гостинската мрежа.

Десното крило во понеделникот се врати во Русија по квалификацискиот дуел со Литванија во неделата, а денеска веќе играше нов натпревар.

ЦСКА Москва сега е на второто место со 14 бода, исто толку има и лидерот Ростов Дон, но ЦСКА има меч повеќе.