Актуелниот чешки првак Талент Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески се наоѓа на чекор до финалето на плеј-офот.
Талент Плзен славеше на гостувањето кај Копривнице со 28-20 во вториот натпревар од полуфиналната серија во Чешка.
Никола Костески беше креатор на клучната предност со пет гола од пет обиди во првите петнаесетина од натпреварот кога Плзен водеше 10-3.
Потоа доби поштеда од тренерот за наредните натпревари, а за место во финалето на Плзен и Костески им треба уште една победа над истиот ривал.