Пелистерецот Петровиќ ќе дебитира за БиХ

Новиот селектор на БиХ, Дамир Доборац, го скрати списокот на ракометари пред бараж двомечот со Португалија за пласман на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Од поширокиот список отпаднаа 14 ракометари, a меѓу избраните за натпреварите со Португалија се најде членот на Еурофарм Пелистер, Павле Петровиќ.

За десниот бек, кој токму во Битола, најпрво во Еурофарм Пелистер 2, потоа во првиот тим, се афирмираше во квалитетен играч, ова ќе биде дебитанскиот настап за својата татковина.

На скратениот список место имаше и за екс членот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ, но и за големата надеж на БиХ, левиот бек Немања Пештиќ.

Првиот натпревар меѓу БиХ и Португалија ќе се одигра на 9 мај во португалскиот град Гуимараес, додека реванш средбата е закажана за 12 мај во Тузла.

БиХ на Мундијалите има учествувано само во 2015 година, но на единственото досега учество имаше лош пласман, заврши на 20. позиција.