Селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман, го соопшти список за настапот во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Париз.
Зорман на финалниот список смести 20 ракометари, меѓу нив сѐ и двајцата членови на Еурофарм Пелистер, голманот Урбан Лесјак и десниот бек Нејц Цехте, кои беа дел и од составот на Европското првенство во Германија.
На списокот се најде и големата надеж на Словенија, Петар Шишко, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Висла Плоцк. Зорман за квалификациските натпревари ќе може да смета на десното крило Блаж Јанц, како и на кружниот напаѓач од ПИК Сегед, Матеј Габер, двајцата не настапија на Европското првенство поради повреда.
Тука сѐ и Деан Бомбач, Блаж Благотиншек, Миха Зарабец, Алекс Блах, Клемен Ферлин…па така Зорман ќе има конкурентен тим во квалификациите за ОИ.
Словенија на почетокот на месец март во шпанскиот град Граљолерс ќе брка олимписка виза и за остварување на целта ќе мора да се пласира на првото или второто место во грушата.
Ривали на Словенија во квалификациската група се репрезентациите на Шпанија, Бахреин и Бразил.