Тимот на Младост Богданци продолжува да го гради тимот за новата сезона, а раководството на клубот повторно ја потврди својата ориентација кон развојот на млади ракометари од сопствениот погон.
Професионален договор потпиша 17-годишниот Никола Тасев, кој важи за еден од најталентираните ракометари што произлегле од школата на клубот.
Младиот лев и среден бек со своите настапи, посветеност и континуиран напредок го заслужи местото во сениорскиот состав, па во следната сезона ќе има можност да дебитира во македонската Супер лига.
Тасев ги направи првите ракометни чекори токму во Младост, ги помина сите младински категории и сега ќе биде дел од амбициозниот проект на богданчани во елитното друштво.
Клубот претходно ја продолжи соработката и со младинскиот репрезентативец Ѓорѓе Атанасов, како и со тренерот Горан Андоновски, левиот бек Даниел Андоновски и искусниот голман Живојин Илиќ.
Засилувања досега се левиот бек Тодор Узунчев и левото крило Славе Јанковски, а се очекуваат уште најмалку две нови имиња.























